домаМакедонијаВината се бара на погрешно место – откупувачите пријавуваат субвенции, а не...

Вината се бара на погрешно место – откупувачите пријавуваат субвенции, а не земјоделците

- Advertisement -spot_img

Од пријавени 35 тони тутун од хектар до нереални количества млеко – институциите најавуваат засилени контроли, додека производителите тврдат дека податоците ги доставуваат откупните фирми и кланиците. Тие тврдат дека за субвенциите не аплицираат земјоделците, туку откупните претпријатија и кланиците, кои ги евидентираат количините и ги доставуваат до надлежните институции. Затоа, според нив, доколку постоеле злоупотреби со субвенциите, тие треба да се бараат кај оние што ги внесуваат податоците во системот, а не кај производителите.

По обвинувањата на Владата за нереално пријавени приноси и злоупотреби на земјоделските субвенции, земјоделците возвраќаат дека одговорноста не е кај производителите, туку кај откупувачите и кај институциите што ги доставуваат податоците. Тие тврдат дека за субвенциите за предадено млеко и други производи не аплицираат самите земјоделци, туку откупните претпријатија и кланиците, кои ги евидентираат количините и ги доставуваат до надлежните институции. Затоа, според нив, доколку постоеле злоупотреби со пријавените количини, тие треба да се бараат кај оние што ги внесуваат податоците во системот, а не кај производителите.

Претседателот на Националната земјоделска мрежа, Ѓорѓи Каракашев, во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека вината за евентуалните злоупотреби на субвенциите не треба да се насочува кон земјоделците, бидејќи нивната цел е чесно да го продадат и наплатат својот производ, а не да остваруваат добивка преку измами.

– Извештаите до Платежната агенција и до Министерството за земјоделство не ги поднесуваат самите земјоделци, туку фирмите што вршат откуп на овошје, зеленчук, тутун и на други земјоделски производи, како и регистрираните кланици каде што се врши колење на добитокот. Доколку има злоупотреби со субвенциите, одговорноста треба да се бара кај оние што ги доставуваат податоците за количините предадени производи, а не кај земјоделците и кај сточарите – изјави Каракашев.
Според Каракашев, законска обврска на инспекциските служби е да вршат контроли и да утврдат дали одговараат пријавените количини земјоделски производи и бројот на заклани грла во регистрираните кланични капацитети на реалната состојба.

– Законска обврска на земјоделските инспектори е да вршат контрола кај овие субјекти и да ги спречат евентуалните злоупотреби. Секое насочување на вината кон производителите и кон сточарите е апсурд и ние, како здружение, остро се спротивставуваме на таквите тврдења. Дополнително, земјоделците од откупните компании треба да добиваат документи за предаденото и откупено производство, со наведени вид, количина и квалитет на производот. Но, во најголем број случаи, откупувачите не издаваат такви потврди – вели Каракашев.
И Ристо Велков, претседател на Сојузот на земјоделците од Струмица, смета дека со ваквите изјави надлежните покажуваат дека не ги познаваат доволно реалната состојба на терен и производствените можности во различни географски региони.

– Се знае колку тутун може да се произведе на еден декар во Струмичко, а колку во Прилепско. Со ваквите тврдења се остава впечаток дека не се земаат предвид специфичноста на различните подрачја и реалните приноси што може да се постигнат – изјави Велков за весникот ВЕЧЕР.
Тој посочува дека тешко може да се прават злоупотреби кај тутунот, бидејќи субвенциите се исплаќаат врз основа на предадените количини.

– Извештајот што го добива земјоделецот за предаденото производство е документот врз основа на кој се утврдува колкава субвенција треба да добие. Кај градинарските култури, пак, поддршката се пресметува според насадената површина и предадените количини во регистрираните откупни и преработувачки центри. Токму тие компании ја водат евиденцијата и имаат можност да пријават поголеми количества од реално предадените – вели Велков.
Од друга страна, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, вели дека има низа неправилности при доделувањето субвенции – од нереални приноси на тутун и на млеко до злоупотреба на ушните маркички кај добитокот и неправилности со земјоделските површини.

– Педесетина апликанти, претежно од Прилепскиот Регион и од Кривогаштани, на два до два и пол декари пријавиле производство од 10 и 11 тони тутун, што е невозможно. Кај сточарството има злоупотреба на ушните маркички, при што повторно се бараат субвенции за пцовисани животни. При една контрола утврдивме дека на хартија има речиси 400.000 овци, а реално меѓу 250.000 и 280.000 – вели Серафимовски.
Тој додава дека има случаи кога субвенции добиваат формални носители на земјиште, додека производството го вршат други лица, поради што најавува засилени контроли.

– Еден декар тутун може да даде најмногу од 400 до 600 килограми. Не може на два декари да се пријават 10 тони. Има злоупотреби и кај пријавените количества млеко, кои не одговараат на реалното производство – посочува министерот.
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека земјоделците и сточарите мора да ги пријавуваат реалните приноси, бидејќи субвенциите се државни средства.

– Не може едно грло да произведува сто пати повеќе млеко од најдоброто грло во светот, ниту на еден хектар да се произведуваат 30 или 35 тона тутун. Ќе има засилени контроли – изјави Мицкоски.
Спорот околу субвенциите повторно ја отвори дилемата каде се создаваат злоупотребите – кај производителите или кај системот на евиденција и откуп, врз основа на кој се исплаќа државната поддршка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img