5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегион„Викендаши“ во Солун, внимавајте каде паркирате: Солун воведува блокатори на тркала за...

„Викендаши“ во Солун, внимавајте каде паркирате: Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркирани возила

- Advertisement -spot_img

Со цел спречување на непрописното паркирање, општина Солун од денеска воведува блокатори на тркала што ќе се поставуваат на автомобили паркирани недозволено на местата наменети за постојани жители, на рампите за лица со попреченост и во деловите за товарење и истовар, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокаторите ги поставува општинската полиција, а од општина Солун соопштија дека мерката била неопходна „со цел да се стави крај на феноменот што е особено распространет во текот на туристичката сезона, со паркирање на стотици автомобили со странски регистарски таблички во центарот на градот“, а дополнително „присутна е појавата кога некои возачи ги вадат регистарските таблички за да не бидат казнети“.

– Возачите што ќе видат дека нивното возило е неподвижно мора да се јават во Дирекцијата на општинската полиција (+302313 317930) и да ја платат соодветната казна за да им биде ослободен нивниот автомобилот, соопштија од општината.

Заменик – градоначалникот задолжен за општинската полиција на Солун Костас Циапакидис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека откако општинската и сообраќајната полиција ги исцрпиле сите други средства во напорите за спроведување на Законот за безбедност на патиштата и спречување на непрописно паркирање, донеле одлука за имплементирање на конкретниот систем.

– Досега, во многу случаи, претежно странски прекршители ја кинеа казната и ја напуштаа земјата бидејќи прекршокот не се гледа никаде. Сега, со блокаторите ова не може да се случи бидејќи само општинската полиција може да ги отстрани, откако ќе се плати казната. Освен тоа имаше случаи кога автомобилите остануваа неправилно паркирани три, четири, па дури и 15 дена, коментира заменик-градоначалникот.

Дополнително додава дека конкретната мерка ќе се спроведува барем до крајот на септември.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img