Легендарниот музичар Џон Бон Џови настапил со својот бенд во Медисон Сквер Гарден во Њујорк во четвртокот, а во еден момент го прекинал концертот бидејќи не се чувствувал добро.
Имено, синоќа, Бон Џови настапи на осмиот од вкупно девет закажани концерти како дел од резиденцијата и турнејата „Forever“. Сепак, откако го извел еден од неговите најголеми хитови, „Livin’ on a Prayer“, тој одлучил да го прекине шоуто и да им се обрати на собраните фанови.
„Жал ми е, повреден сум и вечерва нема да го добиете моето најдобро издание. Не ги фрлајте вашите билети, ќе најдеме решение. Зачувајте ги и ќе договориме нов датум“, рекол тој.
https://www.instagram.com/p/DbJaO-WGuP-/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=NTc4MTIwNjQ2YQ==
Пред да ја напушти сцената, тој додал: „Сепак, морам да престанам вечерва. Се чувствувам ужасно“.
По концертот, претставници на познатиот музичар се обратиле и ја објасниле причината зошто настапот завршил порано.
https://www.instagram.com/p/Da6K6VxGvQj/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=NTc4MTIwNjQ2YQ==
„Вечерашниот концерт на Бон Џови во Медисон Сквер Гарден заврши по 90 минути. Џон Бон Џови и кажа на публиката од сцената дека се бори со инфекција на синусите, поради што концертот мораше да биде прекинат пред планираниот крај. За време на резиденцијата во Медисон Сквер Гарден, тој постојано нагласуваше колку многу значи за него и за бендот да се вратат на настапите во живо. Повеќе информации ќе бидат достапни наскоро“, изјавиле неговите претставници.
Исто така, турнејата „Forever“ е и првото големо враќање на бендот на концертните сцени откако Џон Бон Џови претрпе операција на гласните жици во 2022 година.
Кога ја најави турнејата, тој не го криеше задоволството што повторно ќе се сретна со публиката.
„Има многу радост во оваа најава – радост што повторно ќе ја споделиме вечерта со нашите неверојатни обожаватели, но и радост што бендот е повторно заедно. Среќен сум што секоја вечер можам да стојам пред публиката и да го споделам со нив уникатното искуство на музиката“, рекол Бон Џови тогаш.
Минатиот месец, музичарот открил во интервју за „People“ дека целосно се опоравил од операцијата на гласните жици, иако процесот на закрепнување траел подолго отколку што очекувал.
„Закрепнувањето траеше подолго отколку што мислев, но важно е сè да биде како што треба. Никогаш не ја изгубивме вербата“, рекол Бон Џови.
Фото: Принтскрин/Instagram






