12.8 C
Skopje
6 March, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонија(ВИДЕО) Забрзана изградба на автопатот Прилеп – Битола: Николоски најави завршување до...

(ВИДЕО) Забрзана изградба на автопатот Прилеп – Битола: Николоски најави завршување до 2028 година

- Advertisement -spot_img

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола напредува со силно темпо и се реализира согласно утврдената динамика, информира министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој истакна дека проектот претставува еден од клучните инфраструктурни приоритети на државата и дека градежните активности се одвиваат без застој.

„Силен прогрес во изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Продолжуваме по планот – автопатот ќе биде завршен до 2028 година. Македонија се гради со силно темпо“, порача Николоски, нагласувајќи дека овој инфраструктурен проект ќе ја подобри регионалната поврзаност и ќе донесе значајни економски придобивки за целиот Пелагониски регион.

Автопатот, кој ќе ги поврзе двата најголеми града во Пелагонија, ќе обезбеди побрз, побезбеден и поефикасен транспорт, а очекувањата се дека неговата изградба ќе поттикне инвестициски развој и мобилност на населението.

Министерството за транспорт и врски останува посветено на реализацијата на приоритетните патни коридори и на модернизацијата на државната инфраструктура, со цел создавање подобри услови за граѓаните и стопанството.

„Ја градиме Македонија“, порача министерот Николоски, најавувајќи дека темпото на изградба ќе продолжи и во наредните месеци.

Видеото може да го погледнете тука

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img