домаРегион(Видео) Страшна несреќа во Турција: Автобус се преврте на автопат

(Видео) Страшна несреќа во Турција: Автобус се преврте на автопат

- Advertisement -spot_img

Четириесет лица се повредени откако патнички автобус се превртел на автопатот Кирикале – Самсун во Турција, откако возачот изгубил контрола над возилото.

Несреќата се случила во близина на населбата Кимески, а во автобусот во моментот на несреќата се наоѓале вкупно 42 лица, меѓу кои и тројца вработени во транспортната компанија.

На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош, полицијата, жандармеријата, пожарникари и припадници на специјалните служби.

Повредените патници биле извлечени од автобусот, згрижени на местото на несреќата и пренесени во повеќе болници во Кирикале.

Според првичните информации, ниту едно од повредените лица не е во животна опасност.

Полицијата и жандармеријата започнале истрага за да ги утврдат причините за несреќата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img