По несреќата во белгиската општина Де Хан, каде што тројца малолетници паднале низ стаклениот покрив на основното училиште „Де Зибом“, на социјалните мрежи се појави првата снимка од местото на инцидентот.
Едно дете е тешко повредено и во критична состојба било пренесено во болница, но неговата состојба подоцна се стабилизирала. Две деца се полесно повредени. Според информациите, децата на возраст од 12 и 13 години се искачиле на рамниот покрив и пропаднале околу пет метри низ светларникот директно во училишната кујна.
Директорот изјавил дека ниедно од нив не е ученик во ова училиште, но живеат во околината. Се претпоставува дека влегле во училишниот двор преку салата и дека веројатно се качиле на покривот за да си играат. Училиштето најави дека ќе ги информира учениците за случувањето како превентивна мерка.







