HomeМакедонија(ВИДЕО) Проданоски: Прилеп е во силен инвестициски циклус, резултатите се гледаат на...

(ВИДЕО) Проданоски: Прилеп е во силен инвестициски циклус, резултатите се гледаат на терен

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека општината во моментов се наоѓа во засилен инвестициски циклус, при што паралелно се реализираат повеќе инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот, безбедноста во сообраќајот и уредувањето на јавниот простор.


Во својата објава, Проданоски нагласува дека нема да влегува во, како што вели, реторика на критики и манипулации, туку ќе зборува со „факти, бројки и дела“.
Тој информира дека општината започнува интензивна акција за санирање на ударните дупки и тековно одржување на улиците, со цел оваа практика да стане континуирана во текот на целата година, наместо да се спроведува преку повремени интервенции.


Проданоски посочува дека веќе се видливи резултатите од уредувањето на просторот кај „Кеј 1-ви Мај“, каде се изведени нов тротоар, современо осветлување и е поставена урбана опрема.


Во централното градско подрачје, како што наведува, плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ влегува во завршна фаза, со уредување на над 2.100 квадратни метри простор, по завршувањето на значајни подземни зафати.
Паралелно, се работи и на изградбата на кружниот тек кај мостот Табана, кој, според градоначалникот, претставува капитален проект што ќе придонесе за значително растеретување на сообраќајот.


„Поминаа само првите пет месеци од овој мандат и во Прилеп се гради. Прилеп не е во застој. Резултатите се мерат на терен и таму најдобро се гледа вистината“, порачува Проданоски.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img