15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонија(ВИДЕО) Проданоски: Парк Волково ќе стане срце на зелената трансформација на Прилеп

(ВИДЕО) Проданоски: Парк Волково ќе стане срце на зелената трансформација на Прилеп

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска најави проект за изградба на најголемиот парк во Волково, кој ќе стане нова зелена оаза на градот.

„Овде ќе никне излетнички центар од 30.000 квадратни метри, со пешачки и велосипедски патеки, детски и фитнес зони и современо еколошко осветлување. Паркот Волково ќе биде место што живее и дење и ноќе, со светло, живот и свежина“, истакна Проданоски.

Тој додаде дека паркот ќе биде простор за семејства, за децата да растат и за граѓаните да уживаат во почист и поздрав град. Според него, овој проект не претставува само инфраструктурна инвестиција, туку значаен чекор кон поубав, одржлив и зелен Прилеп.

Проданоски истакна дека со реализацијата на овој парк, Прилеп ќе добие место за рекреација, одмор и заедништво, кое ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните и ќе ја зајакне поврзаноста на заедницата.

Видеото може да го погледнете тука

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img