домаШоубиз(Видео) Премиера на „Идната јас“ - АНА СТОЈАНОВСКА ПОДГОТВЕНА ЗА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА

(Видео) Премиера на „Идната јас“ – АНА СТОЈАНОВСКА ПОДГОТВЕНА ЗА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА

- Advertisement -spot_img

Младата и талентирана Ана Стојаноска ја промовираше песната „Идната јас“, со која на 24 октомври 2026 година во Валета, Малта, ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија.

Заедно со нумерата беше претставен и официјалниот спот во продукција на Македонската радио-телевизија (МРТ), а првите реакции од јавноста се мошне позитивни. Зад оваа евровизиска композиција стои врвен авторски тим – музиката е дело на еден од најуспешните македонски композитори, Никола Мицевски, додека текстот го потпишува Илчо Нечовски, член на популарниот бенд „Дупер“.

Од МРТ истакнуваат дека „Идната јас“ носи силна порака за вербата во сопствените сили, детските соништа и храброста младите да останат доследни на себе додека созаваат и го бараат својот животен пат.

Ана Стојаноска беше избрана по претходно спроведена јавна аудиција, каде стручната жири-комисија едногласно ги препозна нејзините вокални квалитети, сценски израз и уметнички потенцијал. На големата евровизиска сцена во Малта, таа ќе настапи во придружба на танчарките Калина, Каја и Елена. За сценскиот настап и кореографијата се грижи Илија Карадакоски, додека македонската делегација ја предводи Дијана Гогова.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img