Општина Битола продолжува со континуирани инвестиции во подобрување на образовната инфраструктура. Во средното општинско економско училиште СОЕУ „Јане Сандански“, реализирани се повеќе значајни активности со цел создавање подобри и помодерни услови за учениците и наставниот кадар.
Во рамки на проектот е извршена санација на училници и ходници, поставен е нов ламинат и подиуми, а училиштето е целосно бојадисано и освежено. Обезбеден е и нов училиштен мебел – клупи, столчиња, фотелји, зелени табли и венецијански ролетни, кои ќе придонесат за поквалитетна и поудобна настава.
Дополнително, административните канцеларии се целосно опремени со нов мебел, а училниците добија клима-уреди и нови огласни табли. Извршена е и реконструкција на училница и Центарот за професионален развој, што ќе овозможи подобри услови за практична обука и стручно усовршување.
Вкупната вредност на реализираните активности надминува 3 милиони денари.
Со овие вложувања, Општина Битола уште еднаш ја потврдува својата определба за создавање современи, безбедни и функционални училишта.
„Секоја инвестиција во образованието е инвестиција во иднината на нашите деца“, порачуваат од Општината.






