Бразил заврши прв во Ц групата, пред Мароко, Шкотска и Хаити. Бразилците , предводени од Винисисус Жуниор лесно ја победија Шкотска со 3:0, додека Мароко во интересен меч, славше над Хаити со 4:2.
Во Атланта, Мароко го победи Хаити со 4:2 со пресврт и со тоа го потврди своето место во осминафиналето. Хаити се елиминирани од дебитанскиот настап на Светските првенства, иако двапати водеше против фаворизираните Мароканци.
Лени Џозеф во 10-та минута и Вилсон Исидор во 43-та минута го доведоа Хаити во водство, но Мароко се враќаше со головите на Ашраф Хакими во 39-та минута и Исмаел Саибари во судиското продолжение од првото полувреме. Софијан Рахими во 78-та минута и Јасин Гесиме во 89-та минута го донесоа пресвртот и победата на Мароко.
Бразил лесно ја победи Шкотска со 3:0 во Мајами, пред сè благодарение на индивидуалните грешки на шкотските фудбалери. Првата ја направи Скот Мекена, стоперот на Динамо Загреб, чие додавање беше пресречено од Бразилците, а Винисиус постигна гол во седмата минута за 1:0.
Слочна грешка направија Шкотите и 20 минути подцна, повторно Винисиус погоди, но голот беше поништен поради прекршок врз Хендрикс. Во судиското надополнување на времето, Цернтаршутот на Пакета лошо го процени голманот Ган, пливаше во воздухот, а Винисисус ја смести топката во голот.
Последниот гол го постигна Матеус Куња во 60-та минута по асистенција на Бруно Гимараеш.
Foto/ EPA








