домаХроника(ВИДЕО) Кривична пријава и суспензија за полицаец од Чашка: Пукал со огнено...

(ВИДЕО) Кривична пријава и суспензија за полицаец од Чашка: Пукал со огнено оружје на семејна прослава

- Advertisement -spot_img

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава против полициски службеник од Полициската станица за граничен надзор Чашка, поради сомнение дека го сторил кривичното дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 3 од Кривичниот законик.

Според информациите од МВР, пријавениот полициски службеник со иницијали З.Р. на 22 мај 2026 година, за време на семејна прослава во дворот на својата семејна куќа, во присуство на поголем број гости, испукал повеќе истрели од огнено оружје, при што предизвикал опасност по животот и телото на присутните.

Кривичната пријава е поднесена до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе и предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина.

Воедно, против полицискиот службеник ќе бидат изречени задолжителни мерки, меѓу кои и времено отстранување од работното место, односно суспензија, која ќе трае до завршување на дисциплинската постапка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img