Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ја посети Битола, каде изврши увид во градежните активности за реконструкција на новата училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во населбата Буковски ливади.
Во рамки на посетата, Мицкоски ја посети и фабриката „Кромберг и Шуберт“, а во својата изјава упати честитки до градоначалникот на Битола, Општината, советниците и администрацијата за ангажманот во реализација на проекти значајни за граѓаните.
„Честитам на градоначалникот, на Општината, благодарност и до советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Битола, на пратениците кои доаѓаат од Битола, кои се борат за проект повеќе да биде реализиран и инвестиран овде во Битола“, изјави Мицкоски.
Тој изрази благодарност и до министерката и колегите од Владата, посочувајќи дека заедничка цел е забрзување на реализацијата на проектите и создавање подобри услови за живот во државата.
„Јас од името на Владата, како претседател на Владата, можам да кажам дека Битола е и ќе остане да биде еден од нашите главни приоритети“, порача премиерот Мицкоски.
https://www.facebook.com/share/p/1EdSoqzNYh/






