Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, упати свечена честитка до сите сограѓани по повод претстојните Новогодишни и Божикни празници, со желби за добро здравје, мир, љубов и благосостојба во секој дом.
Во својата порака, Тоневски истакнува дека годината што изминува била исполнета со бројни предизвици, но и со значајни успеси, соработки и примери на солидарност. Тој нагласува дека благодарение на поддршката, трпението и активното учество на граѓаните, Општината продолжила да работи во интерес на заедницата и на локалниот развој.
„Новата година нека ни донесе повеќе можности и уште поголема меѓусебна доверба. Како локална самоуправа, остануваме посветени на транспарентна, чесна и одговорна работа, со единствена цел – подобар живот за сите граѓани на Пробиштип“, се наведува во честитката.
Градоначалникот посебно се осврнува и на значењето на Божикните празници, кои, како што посочува, нè потсетуваат на вистинските вредности – хуманост, разбирање, сплотеност и грижа за блиските, со апел радоста и надежта да се споделат и со оние на кои им е најпотребна.
На крајот, Тони Тоневски им посакува на сите граѓани среќна и успешна Нова година и честит Божик, исполнети со здравје, радост и семејна топлина.







