домаШоубиз(ВИДЕО+ФОТО) Музички проект со регионални амбиции: Тамара Волческа и Јасмин Алиевски го...

(ВИДЕО+ФОТО) Музички проект со регионални амбиции: Тамара Волческа и Јасмин Алиевски го претставија „Балкански регетон“

- Advertisement -spot_img

Летото секогаш носи нови хитови, но само мал број песни уште од првото слушање успеваат да создадат чувство дека ќе се пеат долго. Токму со таква амбиција пред публиката пристигнува „Балкански регетон“ – новиот дует на Тамара Волческа и Јасмин Алиевски, кој спојува современ звук, заразен регетон ритам и летна љубовна приказна сместена во медитерански амбиент.

Со модерна продукција, впечатлив рефрен и видеоспот снимен на атрактивни локации во Грција, ова не е само уште едно музичко издание, туку проект што има јасна идеја, а тоа е да ја пренесе летната еуфорија и позитивната енергија до публиката низ целиот Балкан.

Песната премиерно е објавена на официјалниот YouTube канал на Grand продукција, а зад проектот стои силен авторски тим. Текстот е дело на Тамара Волческа, аранжманот го потпишува Јасмин Алиевски, музиката е на Ерик Фокс, додека за микс и мастеринг се погрижи Андреј Ник, кој му го даде препознатливиот финален звук на проектот.

За Јасмин, оваа соработка се родила сосема природно.

„Ѝ пишав на Тамара дека имам песна и веднаш ја замислив токму неа како дуетски партнер. Кога го слушна демото, без двоумење ми рече: ‘Готово, ја правиме!’ Тоа беше моментот кога знаев дека оваа песна ќе добие вистинска енергија.“

Тој открива дека сценариото за видеоспотот го напишал лично, со желба приказната да биде динамична, романтична и исполнета со летен дух.

„Сакав спотот да има приказна што ќе го држи вниманието од почеток до крај, но истовремено да биде опуштен, симпатичен и полн со позитивна енергија. Снимавме во хотелскиот комплекс Санимар, во Неа Фокеа и на уште неколку прекрасни локации во Касандра. Атмосферата беше одлична и пред камера, и зад неа.“

Тамара Волческа признава дека песната ја освоила уште при првото слушање.

„Ме освои од првото демо. Песната носи позитивна енергија каква што отсекогаш сум сакала да пренесувам преку музиката. Најголем предизвик ми беше текстот, а инспирацијата природно ме одведе да го напишам на српски јазик. Подолго време ја чувавме песната без текст, сè додека не се роди целата приказна за една несекојдневна летна љубов и регетон ритам.“

Таа додава дека самиот наслов ја насочил кон идејата песната да добие поширок, балкански карактер.

„Балкански регетон” е наслов што веднаш отвора простор песната да живее и надвор од нашите граници. На снимањето буквално слетав директно од Италија во Грција, но вредеше секоја секунда. Верувам дека ова лето доби нов звук и се надевам дека преку песната и видеото ќе успееме да ја пренесеме убавата енергија до публиката.“

Со современ звук, впечатлив рефрен и видеоспот снимен на медитерански локации, „Балкански регетон“ носи сè што е потребно за да стане едно од највпечатливите музички изданија ова лето. Проектот веќе е достапен на YouTube, каде публиката може да ја слушне песната и да ја доживее приказната што ја создадоа Тамара Волческа и Јасмин Алиевски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img