HomeМакедонија(ВИДЕО) Аврамовски за РСЕ: Случајот „Кочани“ е колатерална штета од измените на...

(ВИДЕО) Аврамовски за РСЕ: Случајот „Кочани“ е колатерална штета од измените на Кривичниот законик

- Advertisement -spot_img

Случајот поврзан со трагедијата во Кочани е директна последица на измените во Кривичниот законик, оценува извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски, во интервју за Радио Слободна Европа.


Според него, целиот процес е поставен на погрешни основи уште од самиот почеток, што сериозно влијае врз правичноста и ефикасноста на судењето.
„Предметот со Кочани е колатерална штета од измените на Кривичниот законик“, вели Аврамовски.


Тој потенцира дека обемот на предметот – со дури 35 обвинети лица и три правни субјекти – дополнително ја усложнува постапката и го забавува нејзиното одвивање.


Дополнителен проблем, според него, е тоа што дел од обвиненијата кои требало да се водат како коруптивни дела, поради законските измени би застареле. Поради тоа, обвинителството се одлучило сите да ги опфати во едно кривично дело, што дополнително го отежнува процесот.


Ова, како што посочува Аврамовски, создава ризик не само за динамиката на судењето, туку и за неговата правичност.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА ТУКА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img