домаШоубиз Архангел се враќа со полна сила и бескомпромисен музички израз

[Видео] Архангел се враќа со полна сила и бескомпромисен музички израз

- Advertisement -spot_img

Повеќе од две децении по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок состав Архангел официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје.

Звукот и лириката на „Дни оловни“ носат специфична тежина и симболика. Песната концептуално го поврзува почетокот на 44-годишната кариера на Вртев со нејзиното денешно продолжение. Синглот е одраз на уметничката зрелост на авторот, притоа задржувајќи ја во целост бескомпромисната автентичност на музичкиот и лирскиот израз кој е заштитен знак на Архангел. Преку овој континуитет, Архангел докажува дека остриот израз на бендот останува подеднакво релевантен и денеска.

Синглот е снимен, миксан и мастериран во скопското студио „Clinic Sound“ на Нино Спиркоски, а sound design е на Марко Миличевиќ – Gramophonedzie.

Објавувањето на „Дни оловни“ претставува вовед во новото музичко поглавје на бендот пред средбата со публиката. На концертот, покрај генерациските хитови од досегашната дискографија, Архангел премиерно ќе изведат и дел од новите композиции во живо. 

Снимањето и издавањето на новиот албум, како и организацијата на концертот, се реализира под капата на издавачката куќа Adriatica Records. Влезниците за концертот „Срцевина“ се достапни онлајн на karti.com.mk и преку нивната продажна мрежа низ цела Македонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img