домаШоубиз(Видео) ЃОКОВИЌ ГО ЗАМЕНИ РЕКЕТОТ СО МИКРОФОН - Беше дел од публиката,...

(Видео) ЃОКОВИЌ ГО ЗАМЕНИ РЕКЕТОТ СО МИКРОФОН – Беше дел од публиката, па стана ѕвезда на вечерта

- Advertisement -spot_img

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, покажа едно сосема поинакво лице за време на летниот одмор во Црна Гора. Наместо на тениски терен, српскиот ас заврши на сцената на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови, каде што запеа, играше и заедно со Георгиев и Нигор го изведе познатиот хит „Тропски бар“.

Малкумина од присутните на концертот очекувале меѓу публиката да го видат еден од најпознатите спортисти во светот. Ѓоковиќ, кој моментално престојува во Црна Гора со семејството, вечерта ја поминал опуштено, без никаква дистанца од останатите гости. Се забавувал, танцувал и се дружел со луѓето, а набрзо целото внимание било насочено кон него.

https://www.instagram.com/reel/Db2qcTDSBSo/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=NTc4MTIwNjQ2YQ==

Но, вистинскиот спектакл следувал кога Ѓоковиќ се качил на сцената.

Тој им се придружил на Владо Георгиев и Нигор, го зел микрофонот и заедно со нив ја запеал „Тропски бар“, песна која важи за еден од препознатливите летни хитови од регионот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img