Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, со кое се пофали дека најголемиот дел од должината на овој автопат се практично готови. Истакна дека 40 км од делницата се ставени во функција.
Николоски во објавата на Фејсбук профилот напиша:
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево.
40 километри се веќе во функција.
Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ.
Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба!
За многу години Божиќ и Бадник!







