Дарко Велков од Вработување.ком во своето гостување на емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 изјави дека Македонија е можеби единствена нација која пие кафе час и половина во тек на работно време.
„Ние сме можеби единствената нација што се уште пие кафе саат и пол во работно време. Оди после работно време, пиј кафе, нема проблем“, вели Велков.
Тој додава дека овие работи како општество мораме да ги созрееме.
Запрашан дали зборува за јавниот или за приватниот сектор, тој посочи дека тоа го зборува во име на приватниот сектор, бидејќи никогаш не работел во јавниот сектор.








