0.8 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВелика Британија ја намали финансиската поддршка за одбрана од руски напади и...

Велика Британија ја намали финансиската поддршка за одбрана од руски напади и дезинформации на Западен Балкан

- Advertisement -spot_img

Од минатогодишните 45.7 милиони евра, фондовите се намалени на 27.4 милиони евра за периодот 2025 – 2026 година. Некои експерти сметаат дека ваквиот чекор е неоправдан.

Велика Британија ја намали финансиската поддршка за одбрана од руски напади и дезинформации на Западен Балкан и од минатогодишните 45.7 милиони евра фондовите ги намали на 27.4 милиони евра за периодот 2025 – 2026 година.

Фондот за интегрирана безбедност (ISF), кој ја поддржува борбата против кибер нападите, зајакнувањето на демократијата и независните медиуми, е погоден од кратење на официјалната развојна помош од 36.4 милиони евра на 19 милиони евра, објави „Гардијан“.

Според поранешни функционери, ваквото намалување може да го ослаби регионалното лидерство на Велика Британија во сузбивањето на руското влијание и дестабилизацијата.

Според нив, Западен Балкан е „на првата линија на борбата против дезинформациите“ и кратењето на средствата не е стратешки оправдано во време на зголемени глобални безбедносни ризици.

Британскиот премиер Кир Стармер, како што наведува Гардијан, неодамна го опиша Западен Балкан како европско искушение – место каде што безбедноста на континентот се става на тест.

Портпаролот на владата изјави дека одлуките за буџетот ги следат промените на националните приоритети. Тој додаде дека фондот често финансира краткорочни проекти, поради што приспособувањата во потрошувачката се очекувани.

Кејт Фергусон од организацијата ПА вели, Велика Британија досега се издвојувала како сигурен и принципиелен лидер на Балканот.

„Сега, кога новите форми на руска агресија и малигно влијание се продлабочуваат во регионот, ова лидерство мора да биде зајакнато, а не разредено“, порача таа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img