Триесет и тригодишен жител на Велес е приведен во Охрид откако 21-годишна девојка од Шведска пријавила дека била силувана во ноќен клуб во градот.
Според информациите од МВР, К.С. бил лишен од слобода на 10 август во 18:30 часот од полициски службеници од СВР Охрид.
Неколку часа претходно, во 14:35 часот, Швеѓанката го пријавила случајот во СВР Битола. Таа навела дека во ноќта меѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во Охрид, осомничениот извршил обљуба врз неа.
Осомничениот е задржан, а од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






