домаМакедонијаАко утре резултатите се добри, по речиси еден месец, водата во Гостивар...

Ако утре резултатите се добри, по речиси еден месец, водата во Гостивар конечно ќе може да се пие

- Advertisement -spot_img

Ако утрешните резултати од последните анализи покажат дека количината на хлор во водата е во дозволените граници, водата во Гостивар конечно би можела повторно да биде пуштена за пиење, по речиси еден месец од почетокот на водната криза.

„Од последните неколку мерења се покажа дека нема бактерии во водата, доминира хлорот. По наредба на лабораториите кои прават контроли на 12 часа, ЈП „Комуналец“ ја намали количината на хлорот кој се користеше за дезинфекција. Последните мерења ни покажаа дека количината на резидуален хлор во водата е на границите на дозволеното и се чекаат последните мерења кои се направени вчера. Резултати се очекуваат утре попладне. Во случај да се покаже дека количината на хлорот е добра како претходните две анализи, тогаш од Централниот штаб мислам дека ќе соопштат на јавноста дека водата можеби ќе биде пуштена во употреба и за пиење“, изјави за весникот Вечер , Зуди Џелили од Кризниот штаб во Гостивар.

Во контролата се ангажирани три лаборатории, кои земаат примероци од седум исти локации.

„Се договорија сите три да земаат од истите места за да биде споредбата квалитетна и резултатите посигурни. Резултатите се поклопуваат и се согласни со состојбата на водата во тие моменти“, вели Џелили за ВЕЧЕР.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img