Поради настанатиот дефект во зградата на „Нова Македонија“ во која е сместено и седиштето на Државната изборна комисија, официјалната веб-страница на Државната изборна комисија, во моментов не е во функција.
Државната изборна комисија информира дека обезбеди услови за непречено преземање на неопходните активности, а изборните дејствија за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница се спроведуваат согласно утврдената динамика и рокови.
До повторното воспоставување на веб-страницата, сите информации, известувања и соопштенија ќе бидат објавувани на оваа официјална Facebook-страница на ДИК.
За дополнителни информации, медиумите и јавноста можат да се обратат и до лицата задолжени за комуникација со јавноста.
Во функција остануваат и електронските адреси на ДИК, преку кои исто така ДИК може да комуницира со јавноста за сите прашања што се од јавен интерес.
Електронски адреси за комуникација:
press@sec.mk
izbori@sec.mk
observers@sec.mk






