По неколкудневни тренинзи со екипата, ракометниот клуб Вардар го ангажираше Мишел Жуниор Тузолана кој игра на позицијата лево крило.
Тој доаѓа како замена за Махамаду Кеита кој во следните минимум два месеци ќе биде надвор од теренот поради операција на рамото.
Договорот со Тузолана е до крајот на полусезоната, со можност соработката да продолжи до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Тој доаѓа од екипата на Сесон во Франција, каде играл последните четири сезони. Претходно настапувал за Понто-Комбо, Истр и неколку сезони за Нант каде му бил соиграч и на Кирил Лазаров.
Лани настапил на 24 натпревари во француската лига и постигнал 49 гола. Тој во следниот период во Вардар ќе биде едно од двете леви крила заедно со Марио Стојановски.







