Вандали ноќва нанеле сериозна штета на фонтантата поставена во паркот Соколана во Куманово.
Од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ најавија дека штетата ќе се санира, а надлежните служби ќе трагаат по сторителите. Станува збор за сериозно нарушување и уништување на јавен имот, што е целосно неприфатливо. Надлежните служби ќе постапат согласно своите овластувања, а екипите ќе пристапат кон санација, информираат од претпријатието.
Оттаму ги повикаа граѓаните да пријавуваат вакви случаи за брза и ефикасна реакција.








