Валентин Манасиески ИЧ на ВМРО-ДПМНЕ, продолжи со средби од врата до врата со граѓаните во скопските општини, презентирајќи ја програмата и визијата за подобро Скопје.
“Вчера бевме во Кисела Вода, денес во Аеродром – објаснувајќи ја секоја точка од нашата програма и слушајќи ги потребите на граѓаните. Топлиот прием и големата поддршка од граѓаните покажаа доверба во нашите кандидати за градоначалници и советнички листи”, напиша Манасиески.
Тој истакна дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, Деки во Аеродром, Бети во Кисела Вода и Орце за Скопје, се подготвени за убедливи победи веќе во првиот круг.
“Вистинскиот избор за граѓаните е бројот 9️⃣. Не запираме, затоа што граѓаните го заслужуваат подобро Скопје,” истакна Манасиески.
#ВистинскиотИзбор #СоТвојотЧовек #ЗаТвоетоМесто #ЗаТвојатаИднина
https://www.facebook.com/share/p/17MhnkLiUZ/









