HomeМакедонијаУвезен ориз од азиските земји се меша и се продава како кочански

Увезен ориз од азиските земји се меша и се продава како кочански

- Advertisement -spot_img

Откупот на оризот со низа проблеми. Освен доцнењето на жетвата и ниската откупна цена и годинава оризот од азиските земји се меша со домашниот и се продава како кочански. Оризопроизводителите бараат поголема контрола од страна на инспекциските органи за да се заштити брендот кочански ориз, како и повисока откупна цена за да имаат исплатливост на производството. Поради задоцнетата сеидба годинава, тие стравуваат дека дел од оризот нема да се ожнее и ќе остане на полињата.

– И годинава има злоупотреби од страна на трговците и квалитетниот кочански ориз се меша со увезен од азиските земји и се декларира како кочански. Инспекциските органи треба да излезат на терен и да го проверат квалитетот, бидејќи се уништува репутацијата на кочанскиот ориз кој пред две децении е брендиран. Од друга страна, пак оризот што се увезува од земјите од Блискиот Исток кој имаат хиперпродукција со години е стоен во силосите. Овие земји за да ги испразнат силосите го извезуваат овој ориз во земји како Македонија кои имаат послаба инспекциска контрола, изјави за „Локално“ Ѓорѓи Каракашев од Националната земјоделска мрежа.

Тој вели дека со години наназад откупната цена на оризовата арпа е многу ниска. Годинава оризот се откупува по цена од 17 денари за килограм што е далеку од производната која изнесува 27 денари за килограм. За да имаат исплатливост на производството оризопроизводителите велат дека откупната цена треба да биде 35 денари за килограм.

Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево вели дека освен што го мешаат со увезен во пакувањата ставаат многу кршен ориз.

– Покрај тоа што кочанскиот ориз се меша со увезен ориз, во амбалажата се става премногу кршен ориз. Порано, во еден килограм имаше 7 проценти кршен ориз, денес никој не го контролира, а во еден килограм има над 30 проценти кршен ориз. Трговците користат разни трикови во борбата за профит. Државата требаше да ја заштити кочанската сорта „Андреа“, која доби признание во Брисел за ориз со најдобар квалитет, вели Максимов за „Локално“.

И тој вели дека секоја година имаат проблем со откупот и трговците ги уценуваат и го купуваат од нив по цена за пониската класа. Минатата година производствената цена утврдена од Земјоделскиот институт беше 27 денари, оваа година очекуваме да биде најмалку 35 денари за да се покријат трошоците за производство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img