-2.2 C
Skopje
21 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаУтре без струја делови од тетово и четири тетовски села

Утре без струја делови од тетово и четири тетовски села

- Advertisement -spot_img

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (21 јануари) без електрична енергија ќе останат неколку делови од Тетово и четири села во тетовскиот регион.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе има во дел од град Тетово, и тоа објекти лоцирани на улицата „29 Ноември“, во близина на Градската болница, како и објектите на ЗИК Ладилник и ЗИК Млекара.

Во исто време, од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат и селата Беловиште и Вратница, како и месноста викана Честодубје.

Дополнително, од 09:00 до 14:30 часот, прекин на електричната енергија ќе има во дел од селото Порој, на објектите кои се наоѓаат покрај патот кон селото Ѓермо, како и во дел од селото Доброште, каде прекинот ќе трае од 09:30 до 14:30 часот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img