Утре треба да продолжи, односно да почне судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби, којшто е осомничен за злоупотреба на 8,2 милиони евра во Државна лотарија, заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами, кој е во бегство.
Судењето официјално беше закажано за 24 август, но се одложи. Доколку утре има рочиште, Груби ќе треба да се изјасни дали чувствува вина. Според информациите на ТВ 24, одбраната обвинува дека не ѝ се доставени сите докази кои, според законот, би требало.






