Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека се извршени успешни тестирања на новата ракета FP-5 „Фламинго“ со дострел од 3.000 километри. Масовното производство, според него, ќе започне на крајот на годинава или почетокот на 2025.
Ракетата е тешка шест тони, со боева глава од 1.000 килограми и распон на крилјата од шест метри, пренесува Униан.








