Водата од градскиот водовод во Демир Капија е здравствено исправна и безбедна за пиење, соопшти локалното Јавно комунално претпријатие „Бошава“ по последната лабораториска анализа
„По добиените резултати, забраната за пиење на водата, изречена од надлежниот инспектор при Агенцијата за храна и ветеринарство, е укината. Со тоа, граѓаните повторно можат слободно да ја користат водата за пиењe“, информираа од јавното претпријатие.
На 14 август од јавното претпријатие информираа дека водата од водоводот се забранува за пиење и подготвување на храна. Ден подоцна, од јавното претпријатие апелираа дека нема потреба од создавање тензии и дополнителен страв кај граѓаните, ниту, како што беше соопштено, темата треба да се користи за дневно-политички поенти.






