Европската фудбалска федерација (УЕФА) размислува за суспензија на израелската репрезентација и клубовите од своите натпреварувања, јави весникот „Израел Тудеј“. Одлуката за можното исклучување може да биде донесена на состанокот во вторник, 23 септември.
Според изворите, Катар, еден од главните спонзори на европскиот фудбал, инсистира Израел да биде суспендиран, како реакција на воздушниот напад на израелските воздухопловни сили на почетокот на септември.
Израелската фудбалска федерација и Министерството за надворешни работи вложуваат максимални напори да го спречат раководството на УЕФА да го отвори прашањето за суспензија, со цел да се избегне долгорочна забрана од меѓународни натпреварувања во сите спортови, предизвикана од продолжените воени дејствија во Појасот Газа.






