Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 47-годишниот Б.С. од Тетово, поради сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на безбедноста“.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 21 јули околу 18:15 часот на улицата „107“ во Тетово, кога осомничениот со пиштол му се заканувал на 43-годишниот Х.А. од Тетово.
Б.С. бил приведен на 22 јули во 22:35 часот на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово и е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






