домаМакедонијаКрушево: Водата од чешма не е безбедна за пиење

Крушево: Водата од чешма не е безбедна за пиење

- Advertisement -spot_img

Жителите на Крушево во наредниот период треба да избегнуваат да пијат вода од чешма, откако анализите на Центарот за јавно здравје – Прилеп покажале дека водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна. Од јавното претпријатие „Комуна“ информираат дека во водата е утврдено присуство на бактерии од црвено потекло и отсуство на разидуален хлор, поради што препорачуваат за пиење да се користи исклучиво пакувана вода се додека не се потврди нејзината исправност.

„Исто така, при испитувањето на крајпатните чешми бензиска пумпа и ‘Св. Петка’, земени на 20 јули, е констатирана бактериолошка неисправност и истите не смеат да се користат како вода за пиење“, нагласуваат од претпријатието.

Според „Комуна“, водата од градскиот водовод, како вода за лична хигиена, приготвување на храна, перење и миење на садови, жителите можат да ја користат само после превривање од минимум 10 минути.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img