домаМакедонијаУапсен првоосомничениот за убиството на 26 годишното момче во Скопје

Уапсен првоосомничениот за убиството на 26 годишното момче во Скопје

- Advertisement -spot_img

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик, објави Алсат.

Според информациите на телевизијата, Кучи бил уапсен од косовската полиција, додека по вториот осомничен сè уште се трага.

Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Според досега објавените информации, Кучи заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица.

Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img