домаРегионУапсен Норвежанец во касарната „Илинден“: Тврдел дека случајно залутал

Уапсен Норвежанец во касарната „Илинден“: Тврдел дека случајно залутал

- Advertisement -spot_img

Дваесет и осумгодишен државјанин на Норвешка бил лишен од слобода откако бил затекнат во кругот на касарната „Илинден“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил вчера околу 15:30 часот, кога полициски службеници го привеле Е.К.Т. (28) поради сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик – „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

Осомничениот е задржан во Полициската станица Карпош, каде што изјавил дека, следејќи координати на мапа, по грешка влегол во просторот на касарната.

Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите околности поврзани со овој настан.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img