Лишен од слобода дилер во Ѓорче Петров.
Како што информираат од МВР, вчера (30.10.2025) околу 14:40 часот во Скопје, на територија на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(26) од Скопје.
Пред куќа во Ѓорче Петров, Б.Б., кој бил со патничко возило „фиат“, фрлил фолија во која имало бела грутчеста материја, по што заминал со возилото, но бил сопрен од страна на полициските службеници и лишен од слобода.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.






