МВР објави дека е уапсен чувар под сомнение дека украл бакарни кабли од 200.000 евра за изградба на подземната сообраќајница од булеварот „Македонија“.
– На 10.02.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, односно каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра. По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(68) од Скопје, вработен како обезбедување на објектот, извести полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Уапсен чувар за кражба на бакарни кабли од 200.000 евра за подземната сообраќајница во Скопје
Најчитани
Stay Connected









