Вчера во 14:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(27) од село Љубодраг, кумановско.
Од МВР информираат дека тој бил баран по судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.






