домаХроникаУапсен 22-годишен крадец од радовишко - осомничен е за две тешки кражби

Уапсен 22-годишен крадец од радовишко – осомничен е за две тешки кражби

- Advertisement -spot_img

Синоќа во 21:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.С.(22) од село Злеово, радовишко.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој е осомничен дека извршил тешка кражба во куќа во село Злеово, пријавена на 06.06.2026, при што одзел телевизор и златна нараквица.

Во службен разговор лицето го признало делото, при што бил пронајден телевизорот.

В.С. се сомничи и дека на 22.06.2026 во село Габревци, општина Конче, украл мобилен телефон, кој му го дал на користење на Н.С. од село Воиславци, каде бил пронајден при извршен претрес во дом. 

За настаните е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img