2.8 C
Skopje
23 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаУЈП со повик до организаторите на зелени пазари: Поднесете го овој извештај...

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари: Поднесете го овој извештај најдоцна до 31-ви

- Advertisement -spot_img

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека организаторите на зелени пазари имаат обврска да поднесат извештај за корисниците на продажните места (образец ПДД-И/ЗП) преку системот е-УЈП. Извештајот се поднесува посебно за секој зелен пазар.

Доколку во текот на годината дојде до промена во бројот на корисници на тезги, организаторот е должен да достави нов извештај најдоцна до 10-ти во месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената.

УЈП нагласува дека навремено доставување на овие извештаи е од суштинско значење за ефикасно и транспарентно постапување, избегнување на прекршочни одредби и правично оданочување на даночните обврзници.

Законот за данок на личен доход предвидува дека паушално се оданочуваат само физички лица кои продаваат сопствени земјоделски производи на зелени пазари. Лицата кои продаваат други добра не можат да бидат паушално оданочени и треба да бидат регистрирани како правно лице или трговец поединец.

Организаторите кои поседуваат повеќе пазари треба да поднесат извештај за секој пазар посебно. Сезонските пазари треба навремено да се известат во УЈП со приложени докази за да бидат означени како сезонски во системот.

На основа на доставените извештаи, УЈП ќе издаде решенија за паушално оданочување најдоцна до 31 јануари 2026 година. Со решението, даночните обврзници ќе добиваат месечни аконтативни пресметки, а рокот за плаќање на данокот е до 15-ти во месецот за претходниот месец.

Како да се поднесе извештајот:

Навреме склучете договор со физичките лица – корисници на тезги.
Пријавете се во системот е-УЈП.
Поднесете податоци за сите зелени пазари кои ги организирате.
За сезонски пазари, навремено известете ја УЈП.
При промени во бројот на корисници на тезги, поднесете нов извештај.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img