HomeМакедонијаУЈП: Истече рокот за даноците за 2025, платете веднаш и избегнете блокади

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025, платете веднаш и избегнете блокади

- Advertisement -spot_img

Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците кои сеуште не извршиле уплата, тоа да го сторат без одлагање. Навременото плаќање на даноците е клучно за стабилни јавни финансии и непречено функционирање на јавните услуги, додека ненавременото плаќање значи зголемување на долгот поради камата и ризик од присилна наплата, блокирање на банкарски сметки и други мерки.

Од вкупно 19, објави 4news.mk 550 поднесени биланси за данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на личен доход кај вршителите на дејност во кои е искажана обврска за плаќање, кај 10.252 е евидентирана уплата, што укажува на солидно ниво на даночна дисциплина.

УЈП веќе испраќа персонализирани известувања до компаниите и вршителите на дејност со заостанати долгови. Апелираме за итно плаќање на долговите со цел да се избегнат дополнителни трошоци. Во спротивно, ќе следува присилна наплата со дополнителни давачки како еднократна такса и банкарски трошоци кои го зголемуваат вкупниот долг и ќе влијаат врз тековното работење.

УЈП потсетува дека обврските може да се подмират и преку уплата од трето лице, како и преку пребивање со даночно побарување на обврзникот, а на располагање е и можност за плаќање на рати согласно законските услови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img