HomeМакедонијаТуфегџиќ предупредува: Предметите не се сопственост на обвинителите

Туфегџиќ предупредува: Предметите не се сопственост на обвинителите

- Advertisement -spot_img

Владимир Туфегџиќ, адвокат и поранешен судија, на социјалните мрежи оцени дека реакциите околу тоа кој обвинител ќе постапува по одредени предмети се пренагласени. Тој нагласува дека е сосема нормално обвинител кој е избран во друго обвинителство да продолжи да постапува друг обвинител по неговите предмети.

„Факт е дека некои обвинители во минатото многу ‘приватно’ и лично си го сфатија постапувањето по одредени предмети, што отвора прашање за објективноста и пристрасноста. Сепак, постои јасна хиерархија и субординација во обвинителството,“ напиша Туфегџиќ.

Тој додаде дека не е разумно избран обвинител во друго обвинителство да продолжи да постапува по предмети уште пет до шест години или до пензија, слично како што не би било логично избран судија во апелација да остане делегирано да суди во Основен кривичен суд само поради тоа што „подобро го знае предметот“.

„Разбирам дека ако предметот е во завршна фаза од доказна постапка или пред пресуда, тогаш има смисла и има одлуки за времено делегирање, особено во судовите. Но, во основа, исправна е одлуката на државниот јавен обвинител,“ напиша Туфегџиќ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img