домаРегионТРПЕНИЕ ДО 1 СЕПТЕМВРИ, ПОТОА ПРОТЕСТИ? Превозниците: „Овој пат нема да застанеме...

ТРПЕНИЕ ДО 1 СЕПТЕМВРИ, ПОТОА ПРОТЕСТИ? Превозниците: „Овој пат нема да застанеме додека не се реши проблемот“

- Advertisement -spot_img

друженијата на превозници од Западен Балкан ќе чекаат до 1 септември кога во Брисел е закажан состанок на повисоко ниво со претставници на Европската комисија од чиј исход ќе зависи дали ќе преминат кон протести.

Тие денеска во Скопје одржаа состанок по којшто изјавија дека не сакаат да протестираат, но дека ако бидат приморени ќе го преземат овој чекор со тоа што протестите нема да прекинат како минатиот пат, туку ќе траат до исполнување на нивните барања за престој на професионалните возачи во Шенген зоната.

– Ние ќе бидеме трпеливи, ќе се трудиме да направиме шеми за движење на возачите. Сега е период на годишни одмори, меѓутоа она што следува од септември натаму ќе биде многу трагично ако не најдеме решение. Не сакаме да му наштетиме на никого, ниту на Европска Унија, ниту на нашите држави, а најмалку на нас самите превозниците, но ако сме принудени ќе организираме протести со коишто уште еднаш ќе ги потсетиме сите дека сепак постои проблем којшто треба да се реши, изјави Биљана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на превозници – Макам-транс.

Превозниците се надеваат дека на состанокот во Брисел ќе се најде решение за проблемот затоа што велат протестите не му одат во прилог на никого.

– Одлуките за протести генерално се донесени во нашите земји и на ниво на управни одбори, но како превозници не сакаме да протестираме бидејќи тоа се одразува на целото општество, но ако бидеме принудени, ќе мора да излеземе. Искрено се надеваме и посакуваме тоа да не се случи, изјави Неџо Мандиќ од Србија.  

Здруженијата на превозници се согласни да не се менува договорот за престој во Шенген зоната, но бараат да се почитува стрикно правилото 90 дена престој во последните 180 дена односно минутата да биде минута, часот, да биде час… Бараат и прецизен рок кога нивниот проблем ќе биде решен. 

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img