домаМакедонијаТрошоците на живот поголеми за 4,5% споредено со ланскиот октомври

Трошоците на живот поголеми за 4,5% споредено со ланскиот октомври

- Advertisement -spot_img

За 4.5% се зголемени трошоците за живот во октоври во однос на истиот месец лани. Објави Државниот завод за статистика. Драстично зголемување на трошоците статистичарите забележале кај храната и безалкохолните пијалаци за 7.0% алкохолните пијалаци, тутун 6,7%, позначителен раст на трошоците имаат граѓаните при рекреација и култура за речиси 8%, а при посета на ресторани и хотели над 5 отсто,како и при набавка на зеленчук за 4,3 отсто. Од статистика прсметале и дека на месечно ниво има минимално намалување на трошоците од 0,2 отсто.

„Намалувањето на инфлацијата во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 6.1 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3 %, Образование и Рекреација и култура за 0.1 %.“

Граѓаните велат дека стандардот секојдневно тоне – едвај врзуваме крај со крај , додаваат тие. Според нив надлежните само ја префрлаат топката и никој не превзема мерки за подобрување на животниот стандард на граѓантие.

„Многу е низок стандардот наш, се е високо- цените се качени нема граници, а може и понагоре да бидат“, вели еден граѓанин.

„Тоа е пропаганда само, какви цени, секој ден по три денари, по пет денари иде цената“, реагираат граѓаните.

Инаку изборната кампања ги засени жалбите на граѓаните за високите цени на основните прехрамбени продукти. Според пресеметките на синдикатите, на едно четиричлено семејство за еден месец само за храна ќе му биде потребна речиси цела минимална плата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img