Тројцата обвинети за предизвикување пожар на дивата депонија Вардариште на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје признаа вина за кривичното дело загрозување на животната средина и природата со отпад.
Обвинетите Мејсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи, како што објави Телма, пред Судот изразиле каење за стореното и навеле дека во иднина нема да го повторат делото.
Тие, исто така, изразиле подготвеност да соработуваат со надлежните за целосно отстранување на отпадот од дивата депонија.
Судот, од своја страна, го констатирал признанието вина, а од Обвинителството побарале Кривичен да изрече соодветна казна.
Инаку, за делото што им се става на товар на обвинетите е предвидена затворска казна од три месеци до три години.









