На 18 јули, полициски службеници спроведоа одделни претреси на повеќе локации во Скопје, при што беа пронајдени дрога, оружје и муниција, а три лица беа лишени од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во акција на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле С.Б. (21) и Е.А. (33), двајцата од Скопје. При претресите во нивните домови, извршени од Единицата за недозволена трговија по претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени 58 кесички со бела прашкаста материја и дигитална вага.






