-1.2 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаТри училишта во Битола добиваат соларни системи за производство на енергија

Три училишта во Битола добиваат соларни системи за производство на енергија

- Advertisement -spot_img

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија.

На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на договорот со Фондацијата Отворено Општество, со кој Општината ќе добие донација за поставување фотоволтаици на уште две основни училишта – „Св. Климент Охридски“ и централното училиште „Даме Груев“.

Анексот претставува дополнување на претходниот договор, со кој минатата година беа инсталирани фотоволтаици на шест основни училишта во градот.

Во рамки на заложбата за искористување на обновливата енергија, Општината ќе постави фотоволтаици од сопствени средства и на една од зградите на основното училиште „Гоце Делчев“.

Овој проект е дел од стратегијата на Општина Битола за поддршка на одржливи решенија и намалување на трошоците за енергија во образовните институции.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img