домаШоубизТри дена музика, традиција и забава во Македонска Каменица по повод Денот...

Три дена музика, традиција и забава во Македонска Каменица по повод Денот на рударите

- Advertisement -spot_img

Македонска Каменица и оваа година со гордост го одбележува Денот на рударите – 28 август, со тридневна културно-музичка програма што ќе ја претвори градската сцена во центар на традицијата, современите звуци и незаборавните емоции.

Организатори на прославата се Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“, а настанот е под покровителство на Рудникот „Саса“, кој со години ја поддржува оваа значајна прослава на рударскиот труд, заедништво и гордост.

Првата вечер – Фолклорна магија (вторник, 26 август 2025)

Вечер посветена на ритмите и играорците! Ќе настапат:

• Културно-уметничко друштво од Република Бугарија

• Културно-уметничко друштво од Република Србија

• Ф.А. „Китка“ од Истибање

• КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица

Шаренилото на костимите, песните и ората ќе ја претвори сцената во мозаик на културно богатство и пријателство меѓу народите.

Втората вечер – Рок енергија (среда, 27 август 2025)

Публиката ја очекува вистинска експлозија од емоции и добро познати звуци:

• Спасен Силјаноски – глас кој носи топлина и традиција

• REPLAY BAND – Unplugged со хитови во ново светло

• Легендарните Дивље јагоде, со рок енергија што со децении ја полни балканската сцена

Големото финале – Денот на рударите (четврток, 28 август 2025)

Во 20 часот вечерта ќе ја отворат најмладите – хорот „Поточиња“ и нивниот Поки. Забавата потоа продолжува со:

• DJ Пајак – со сет што ќе ја подигне енергијата

• Митан проект и Андијана Јаневска – совршен спој на традиција и современост, обоен со нејзиниот магичен глас

• И за крај – неповторливата Дани Димитровска, чиј моќен вокал ќе биде вистинска круна на прославата

Македонска Каменица повторно ќе пулсира како град на културата, забавата и заедништвото.

„Да прославиме заедно – со рударите, за рударите, и за сите што го сакаат животот во ритам“  е пораката од организаторот!

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img